Како го фатија сопственикот на Kickass Torrents

kickass_torent[1]

Пред неколку дена падна и торент тврдината Kickass Torrent, откако американските власти го уапсија сопственикот Артем Ваулин.

Најголемата грешка на Ваулин се покажа дека било тоа што отворил своја фан страна на Фејсбук. Кога властите на САД се упатиле во претставништвото на компанијата со налог за пристап до корисничките информации, Марк Закерберг бил и повеќе од среќен да помогне.

Истрагата покажала дека Ваулин користел и-мејл и me.com адреса во сопственост на Apple. Тоа била следната дестинација на федералните власти. Таму ќе се покаже уште една фатална грешка на Ваулин – ги користел и двете адреси за да купува на Apple iTunes.

При секое купување, iTunes ја складира корисничката IP адреса, па иследниците ја искористиле оваа информација за да ја поврзат адресата на Ваулин со неговиот Bitcoin акаунт. Тоа е точката од која почнува вртоглавиот пад на Ваулин, кој беше уапсен во средата во Полска.

- Реклама -