Во последните 60 години Џејмс Харисон го спасил животот на два милиони деца.
Кога бил мал Харисон претрпел операција за отстранување на белите дробови, при која му биле донирани 13 единици (литри) крв. Непознати луѓе го спасиле неговиот живот, па така тој решил дека да стане крводарител.
Харисон сепак прераснал во еден необичен донатор. Во неговата крв било утврдено присуството на специфични антитела Anti-D, кои го спречуваат настанувањето на резус-конфликт меѓу бремената жена и бебето.
Само во Австралија до 1967 година загинале илјадници бебиња, од дотогаш непознати причини.
Подоцна станува јасно дека во овие случаи резус-факторот на мајката не се совпаѓал со оној на детето. Тоа довело до формирање на антирезусни антитела, што пак последователно доведува до тешки нарушувања во развојот на плодот.
Австралија станува една од првите земји која наоѓа решение за проблемот. Крвната плазма на Харисон станува главна компонента на лекови кои ги земаат бремените жени со различен резус фактор од оној на таткото.
Џејмс Харисон е национален херој во Австралија. Досега тој донирал крв повеќе од 1000 пати.