Објавениот натпис на еден американски новинар предизвика позитивни реакции на социјалните мрежи. Македонците се воодушевени од начинот на кој е претставена државата.
Македонија е феномен, тоа е земја каде живеат најубавите жени, а наталитетот опаѓа. Тоа е земја каде што невработените најмногу работат, каде на најплодната земја живеат луѓе кои гладуваат.
Земја каде возовите доцнат секогаш. Каде сите брзаат на работа, никој не стига на време.
Земја каде осумчасовното работно време трае 12 часа. Каде здравството е бесплатно, а лекувањето скапо. Каде новинарите пишуваат слободно, што и да им се нареди.
Земја каде светската криза доби државјанство. Каде јавните набавки се тајна, а државните тајни се јавни. Каде војните никогаш не завршуваат.
Земја каде историјата се повторува секој ден. Каде најбогатите се оние кои ништо не работат. Каде луѓето слават домашни слави а го навредуваат Бог. Земја каде паметните поради неразбирање со останатите ги прогласуваат за лудаци, а лудите за способни. Земја каде неписмените пишуваат историја.
Земја каде власта ги презира граѓаните, како нескани сведоци. Каде се живее за иднина бидејќи на сегашност немаат право. Земја каде секој на секого му се смешка, а никој на никого не посакува добро. Земја каде судските постапки траат подолго од животот. Каде поплавите се начин на наводнување на земјиштето.
Земја каде се смета дека повеќе ќе се напредува ако што повеќе се уназадуваме. Каде не си нормален ако не полудиш. Каде живееш за да заминеш на другот свет, место каде времето е бесконечно, а власта бесмртта.