Како е измислен вибраторот

Вообичаено за лекарите во 19 век било да лекуваат пациентки кои страдале од „хистерија“. Симптомите најчесто вклучувале постојана вознемиреност, раздразливост и надуен стомак.

Вината за оваа болест – што денес, се разбира, не се признава од медицинските специјалисти, се припишувала на женската утроба, за што сведочи и самото име (од старогрчки “hystera” – матка).

Препишаната терапија била физичка процедура наречена „пелвична масажа“ за предизвикување „хистеричен пароксизам“ – нешто што ние го знаеме како оргазам. Со таквиот метод, се враќало менталното здравје на пациентката.

Правењето на пелвични масажи било рутински дел од работата на Викторијанските лекари (како и векови порано). Но, како што сведочат медицинските списанија од тоа време, тоа била здодевна и физички исцрпувачка процедура.

Затоа, на крајот на 19 век, д-р Мортимер Гренвил патентирал направа што ќе ги поштеди докторите од напорот – вибратор. Првично се користел само како медицински инструмент, а заради огромниот генератор, Вибраторот можел да биде инсталиран само во докторските ординации.

Постепено стекнувајќи огромна популарност, апаратот ги напушта медицински институции и почнува да се инсталира во домовите, како пренослив „апарат за масажа“, кој разубавува, лекува главоболка и што ли уште не. Баш така тврдат некои од првите печатени реклами.

- Реклама -