Доматите во супермаркетите изгледаат сочно и вкусно, но радоста исчезнува уште со првиот залак: вкусот им е како на пластика, додека пред само неколку години јадевме сочни домати.
Зошто се промени вкусот на саканиот домат?
Група истражувачи сметаат дека го пронашле одговорот. Според нив во текот на годините зеленчуковите производителите се насочени главно на еднообразно црвено бојадисување на доматите – за сметка на вкусот.
Клиентите сакаат добар изглед на зеленчукот, тврдат производителите – но под сјајната обвивка често се крие ужасен вкус. Причината е промената на ДНК-то, која води до рамномерна црвена боја, но во исто време ја намалува содржината на јаглехидрати, односно шеќери и други супстанции во зрелите домати, пишува меѓународен тим на научници во списанието. “Сајанс”.
Оваа случајна мутација на генот SlGLK2 е откриена пред околу 70 години и оттогаш производителите внимаваат да нема зелени дамки на зрелите домати. Станува збор не за генетски инженеринг, туку за обична селекција на најпосакуваните сорти.
Денес многу малку сорти се без оваа генетска промена – претежно оние кои се произведуваат во домаќинствата.
Генот кој “не работи” во масовното производство, ги претвора доматите во нешто како автомобил што е пуштен премногу рано на склопување, а е без мотор и тркала. Протеините кои се „откажуваат“, за да биде убава бојата, се одговорни за акумулација на хлорофилот и со тоа за фотосинтезата во плодот. Поголемиот дел од фотосинтезата, при која што растенијата произведуваат јаглехидрати, се случува во листовите, но зрелиот домат презема околу 20% од оваа работа. Кај мутираните домати токму овој процес е доста под оптималното. Покрај шеќер кај нив недостасува и ликопен – корисен пигмент.
Проблемот може да се реши повторно со селекцијата.