По тешката зимска облека и недостигот на влага на нозете дефинитивно ви е потребен „мејковер“. Ви претставуваме неколку трикови како да заблискате со првото пролетно сонце, откријте ги нозете и уживајте во мини здолништа.
Подгответе се за откривање
Недостигот на влага во текот на зимата ја прави кожата сува и рапава. „Намалената циркулација ја прави кожата сува, особено на долните екстремитети“, вели дерматологот Мајкл Прагер, додавајќи дека е добро да се користи пилинг со витамин Е. Се препорачува да ја мачкате кожата со помрсен лосион за тело.
Време е за депилација
Освен класичните методи – бричење, восок и египетска депилација, пробајте нови депилатори. Новата генерација депилатори е смислена да може да ги користите во вода. Идеални се за депилација затоа што топлата вода ја опушта кожата, ги отвора порите и ги опушта ендорфините. Депилирањето е попријатно, а кожата помека.
„Не“ за целулитот
Некои студии покажуваат дека 90 отсто жени во светот имаат целулит. Ако и вие сте една од нив пијте два литри вода дневно, исфрлете ги рафинираните јаглени хидрати, јадете овошје богато со антиоксиданси и вежбајте. За оние кои се мрзеливи препорачуваме солена купка. Во када со топла вода ставете две чаши сол и лежете во неа 20 минути три пати неделно.
Шминка за нозе
За да ви изгледаат совршено, може да ги „нашминкате“ вашите нозе. Нанесете пудра на вените и капиларите.
Бидете во форма
Секако, најдобар дачин да ги разубавите нозете е вежбањето. Две недели вежбање и ќе имате резултати, па доколку сѐ уште не сте почнале, време е!