Сигурни сме дека барем еднаш во животот сте размислувале како изгледа светот низ очите на далтонистите.
Далтонизмот влијае на 1 на секои 12 мажи во светот и по 1 жена на 200. Постојат различни причини за далтонизам. Во некои случаи е наследен, во други пак е резултат на дијабетес, мултиплекс склероза, стареење или стрес. Повеќето ги гледаат предметите јасно, но не можат целосно да ги видат црвената, зелената или сината боја.
Постојат три вида далтонизам – деутеранопија (најчесто), протанопија (поретка) и тританопија (најретка). Подолу ќе видите слика во 4 верзии.
Првата е без обработка, а останатите три се подложени на обработка, за да го рекреираат максимално начинот на кој што далтонистите го гледаат светот.