Kaко да знаете дека ви се заканува развод?

Експертите тврдат дека постојат јасни знаци кои укажуваат на тоа дека бракот нема да опстане. Дали знаете кои се тие знаци?
Во секој брак има проблеми, но некои брачни парови работат на нив и ги решаваат. Од друга страна, пак, постојат и оние кои дозволуваат проблемите да ги поминат границите па потоа не веруваат дека постои пат во повратен працец.

Ова се знаците кои покажуваат дека сте се откажале – свесно или несвесно – и дека веќе размислувате на развод.

Мечтаете за живот без сопругот/сопругата

Ако приметувате дека често мечтаете за тоа како би изгледал вашиот живот, доколку во него го нема вашиот сопруг и ако вам таа визија ви изгледа позитивна и забавна, многу е веројатно дека на вашата љубов  и дошол крај, велат брачните советници. Мелтаењето всушност покажува дека сте подготвени за ново поглавје од живоот и свесни сте дека моментално не сте задоволни од својот живот.

skilsmisse_kort

Лошото го преовладува доброто

Еден од знаците дека се ближи крајот е кога на вашата имагинарна вага преовладува лошото. Тоа значи дека постојано размислувате негативно, а сето добро што ви се случило сте го заборавиле… Кога ќе воочите таква ситуација, бидете подготвени дека постои голема веројатност да продолжите по својот пат.

Повеќе не разговарате за вашите чувства и ставови

Повеќе не говорите за што размислувате и како се чувствувате, а ни партнерот вам. Едноставно, не сакате да трошите енергија бидејќи мислите дека другата страна и онака не ја засега. Да биде уште полошо, ни вам не ви е грижа. Тоа е, велат експертите, клучна точка од која нема враќање.

o-PARENTS-DIVORCE-facebook

Сами ги решавате проблемите

Некогаш секој проблем го решававте заедно, а сега правите се сами. Всушност потствесно се подготвувате за самостоен живот. Свесно не сакате да го вклучите партнерот бидејќи веќе не ја цените неговата помош во било која смисла и со задоволство тоа го правите сами.

Нема секс

Немате повеќе секс, но ниту тоа не ве оптеретува. И онака се стана здодевно и монотоно. Веројатно размислувате за секс со некој друг. Можеби тоа веќе и се случува… Доколку сфатите дека сте престанале да се трудите околу сексот, приказната навистина се ближи до крајот.

- Реклама -