Работите напорно, а сепак не можете да одвоите некој денар за себе, зашто сите пари одат на покривање на трошоците? Сигурно до сега безброј пати се имате прашано како да заштедите? Одговорот е прилично едноставен – престанете да плаќате за нешта кои не ви се потребни (нешта што понекогаш можеби и не ги забележувате).
Работите напорно, а сепак не можете да одвоите некој денар за себе,
зашто сите пари одат на покривање на трошоците? Сигурно до сега безброј
пати се имате прашано како да заштедите? Одговорот е прилично
едноставен – престанете да плаќате за нешта кои не ви се потребни
(нешта што понекогаш можеби и не ги забележувате).
1. Продолжени гаранции
Истражувањата велат оти ако нов производ се расипе, тоа ќе се случи или за време на гарантниот период што го има одредено производителот или пак долго време откако ќе помине и продолжената гаранција. Тоа ги прави продолжените гаранции прилично бескорисни, но истовремено и добра основа за профит на малопродажните мрежи. Во зависност од производот, можат да чинат од 500 денари, па и до десетина илјади.
Наместо да му плаќате некому за услуга која речиси никој не ја искористува, парите што ќе ги платите, ставете ги во банка. Доколку производот навистина се расипе во тој период, ќе имате со што да го поправите, а ако не останувате со некоја пара за себе.
2. Членарина во теретана
Она со што теретаните сакаат да ве привлечат се попустите кои ги добивате доколку платите за цела година однапред. Ова воопшто не е умен потег, зашто, иако здравјето е важно, не можете да знаете дали ќе вежбате во текот на целата година, а парите нема да ги добиете назад доколку не сте во можност да ја користите услугата.
Отидете во теретана и платете си членарина за еден месец – тогаш кога ви се вежба. Следниот месец можете да платите пак – нека не ве залажуваат ситните попусти, на крајот секогаш излегуваат поскапи. На крајот на краиштата, ако сте загрижени за здравјето, можете да ја искористите природата, за пешачење, трчање, возење велосипед и целосно да ги одбегнете трошоците.
3. Брза храна и грицки
Покрај тоа што брзата храна е брза, значително е и поскапа. Кога ќе соберете колку пари сте фрлиле во текот на една недела за сендвичи, печива, грицки, кафиња за носење и сл. ќе забележите дека ако ги елиминирате тие трошоци, ќе ви остануваат повеќе средства во буџетот.
Наместо брза храна, понесете си ручек со себе. Она што сами ќе си го подготвите сигурно ќе е поздраво отколку она што ќе ви го продадат во сендвичарниците или бурекчилниците.
4. Апликации за мобилни и рингтонови
Сакате да имате некој рингтон или апликација и ви се чини дека пораката која треба да пратите за да го добиете посакуваното не е многу скапа (50 или 100 денари + ддв). Но, размислете колку пари ќе потрошите на тој начин во текот на една година.
Закачете се на интернет и пронајдете си ги сите нешта што ви се потребни за телефонот. Таму се – потполно бесплатни!
5. Дополнителни услуги на фиксниот телефон
Погледнете некоја од сметките за фиксен телефон подетално. Можно е да плаќате за услуги кои не ги користите, кои некогаш ви затребале па сте ги заборавиле или пак нешто на што не сте обратиле внимание кога сте го потпишувале договорот (повик на чекање, пренасочување повици, попусти за долги разговори итн.) Секоја услуга чини околу 100 денари, па кога ќе соберете и одземете, вашата сметка е многу подебела со услугите што не ви требаат.
Ако не можете да се снајдете со сметките, јавете се во кол-центарот и распрашајте се. Доколку го користите мобилниот, но ви е потребна и фиксна линија, сведете ги услугите на минимум, т.е. на основна претплата.