Фино трикче што не текнува баш лесно во моментот кога ти треба, а ќе го направи тинејџерот што живее под ваш кров за нијанса поподнослив. Конкретно, нема да ви кова шајки по ѕидовите за да закачува постери.
Зборуваме за магнети. Лепите спајалица (или друго тенко парче метал) на ѕидот, ставате постер, па озгора ставате магнетче. Зависно од типот и големината на постерот, со посилни магнети можете да закачите и потежок постер.