Како да станете ранобудни

БудењеАко имате проблеми со заспивањето и станувањето наутро, постојат неколку едноставни трикови што ќе ви помогнат да се претворите во ранобудник…

Ако имате проблеми со заспивањето и станувањето наутро, постојат неколку едноставни трикови што ќе ви помогнат да се претворите во ранобудник…

БудењеСоздадете вечерен ритуал

За да можете да станете рано, најважно е да заспиете во разумно време. Создадете си вечерен ритуал кој секогаш ќе го отпочнете најмалку 8 часа пред периодот предвиден за станување. Најважно е да правите нешто што ќе ве опушти, без разлика дали тоа е пиење чај, туширање, читање во кревет, длабоко дишење итн.

Исклучете ги компјутерот и телевизорот

Пред спиење, не гледајте телевизија и престанете со сурфањето долго пред да се одлучите да си легнете. Овие активности ви го стимулираат мозокот и ве држат будни.

Помалку кафе

Можеби фактот што пиете по 20 кафиња во текот на денот не ви дозволува да заспиете. Намалете со кафето по 18 часот.

Вечерајте помалку

Лесната вечера ќе ви овозможи побрзо варење, нема да ви предизвика мачнини во стомакот и ќе ви овозможи многу полесно да заспиете.

Отворете ги ролетните

Наутро, важно е светлината да може да влезе во собата. Од една страна, светлината ќе ве наполни со позитивна енергија, а од друга, тешко е да спиете кога сонцето ви свети во очи.

Најдете мотивација

Нема да успеете да ги промените навиките доколку сакате да станувате само затоа што не сакате да спиете до доцна. Мотивацијата секогаш треба да потекнува од нешто што сакате да го правите, а не од нешто што не сакате да го правите. Најдете нешто на што ќе можете да ги искористите утрата, а што ќе ве направи среќни.

Дајте си награда

Откако ќе ги завршите утринските обврски, дајте си награда. Одвојте си време за да се напиете кафе или 15 минути за да прочитате нешто од вашиот омилен блог или омилената интернет страница, пред да заминете на работа. Времето што го одвојувате за себе, ќе ве направи да се чувствувате убаво и следниот пат кога будилникот ќе заѕвони.

- Реклама -