Како да се справите со нападите на паника?

Нападите на паника се многу непријатни, а се честа појава во денешниот свет во кој стресот е секојдневна појава.Силното чувство на страв и непријатност, предизвикуваат забрзување на срцето, но со оглед на тоа што се работи за последици од психичка природа, експертите велат дека е важно да се „излечите сами себе“. Погледнете како:

1. Превземете контрола

Доколку побегнете од местото на кое ве „фаќа паника“, во вашит мозок тоа е место кое се обележува како „опасно подрачје“. Кога ќе ве изненади напад на паника, важно е да се обидете да се смирите и да си повторувате во  себе си како опасноста не постои и се наоѓа само во вашата глава.

2. Обрнете внимание

Доколку не успеете да се смирите, обидете се самите да си го пренасочите вниманието. Размислувајте за насловот на некоја реклама, избројте ги сите луѓе кои се облечени во црвено или во себе пејте ја вашата омилена песна. Познато е дека е невозможно да мислите на две работи истовремено.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

3. Внимателно дишете

Луѓето кои имаат напади на паника за време на нападите неправилно дишат, што често доведува до чувството дека им недостасува воздух. Доколку ве фати напад дишете длабоко и обидете да се смирите самите себе си. Вдишете низ нос и издишете низ уста.

4. Вежбајте

Доколку имате проблеми со чести напади , вежбајте ги овие чекори. Замислете си ситуација во која често имате напади и вежбајте ги техниките за смирување.

 

 

- Реклама -