Комарците сакаат луѓе со „слатка“ крв. Што значи тоа?
Иако е факт дека некои луѓе се почеста мета на комарци, а некои помалку, тоа нема врска со шеќерот во крвта. Тоа што најмногу ги привлекува се цветните мириси.
Различните врсти на комарци ги привлекуваат различни работи. Научниците откриле дека комарците имаат заедничка љубов кон јаглерод диоксид, млечни киселини и некои видови бактерии што некои луѓе ги имаат во поголема концентрација.
„Секој човек е различен. Некои издишуваат повеќе јаглерод диоксид, некои повеќе се потат“, велат експертите. Тие додаваат дека секој може да се доведе во ситуација да направи нешто со што ќе ги провлече комарците. На пример, по напорно вежбање комарците ќе го „нападнат“ телото благодарение на моќната комбинација на пот, јаглерод диоксид и млечни киселини.
Експертите советуваат во текот на летото кога комарците напаѓаат да не користите сапуни, парфеми и дезедоранси со цветни ароми и почесто туширање како превенција од потење.