Како да се спакувате

intro_pakuvanje.jpg Пакување – вечното проблематично незадоволство што мора да се помине за да се стигне до саканото уживање – одморот. Еве неколку совети за тоа како да ги спакувате најважните нешта без да понесете три куфера.


Пакување – вечното проблематично незадоволство што мора да се помине за да се стигне до саканото уживање – одморот. Еве неколку совети за тоа како да ги спакувате најважните нешта без да понесете три куфера.

Направете список и темелно проверете го.

prepoln_kufer.jpgБарем два пати. Ако ви е полесно направете три различни листи:
Eдна за документи (не би сакале да го заборавите пасошот или авионската карта) каде би ги вброиле и парите, кредитните картички, мапа, возачка (ако одите со кола), фотографии на важните документи (во случај да ги изгубите оригиналите), брошура со знаменитостите што сакате да ги видите и мал речник со фрази што ќе треба да ги употребувате.
Втора за облека каде не смеете да заборавите долна облека и костим за капење.
Трета за лични предмете како грицкалка за нокти, чешел, брич, четка и паста за заби, шампон, млеко за сончање и слично.
И четврта за сè по нешто како книга, карти, коцки за јамб, пенкалце…

Бирајте по боја

Кондурите зафаќаат најмногу место, па изберете го само оној пар (или два) што ви се удобни за носење и што може да го комбинирате со облеката што ќе ја земете. Изберете неколку парчиња облека што меѓу себе си одговараат по боја, за да не мора да земете посебни паталони за секоја маичка.

Перење на рака

mnogu_kuferi.jpgПонесете ги оние парчиња облека што не треба да се пеглаат и што може да се перат на рака и брзо се сушат. Така ќе можете да облечете едно исто парче неколку пати без да се чувствувате неуредно и валкано.

Што користите дома?

Само затоа што сте на одмор не значи дека ќе ги користите сите луди гаџети или дека ќе го облечете она микро мини фустаче. Ако не го користите и кога сте дома – не го ставајте во куфер.

Пакувајте минијатури

Мини џебна батерија, мал фен, мини паковање шампон и сите мини травел верзии на предмети за секојдневна употреба.

Оставете простор

Не заборавајте да оставите простор во куферот за нештата што ќе ги купите на патувањето. Сигурно нема да се вратите без сувенири и можеби уште некое парче облека.

- Реклама -