Во снежните и зимски денови на скалите пред домот многу брзо се формира слој на мраз, кој набрзо станува опасна мета.Еве неколку совети како да спречите настанување на мраз.
Детергент за садови
Помешајте два литра млака вода со една лажица детергент за садови и 30 – 70 ml отстотен алкохол. Сипете во шише за спреј и прскајте ги скалилата и прагот пред влезот. Мразот набрзо ќе исчезне, а нема да се формира нов слој. ( Можете да користите и само алкохол или да се обидете со смеса детергент и вода, без алкохол).
Сол и песок
Солта, безразлика дали е крупна, морска или ситна е прилично делотворна во борбата против мразот. Само посипете и оставете да делува. Не е многу уредно, но е делотворно. Солта можете да ја помешате со песок за да спречите лизгање. Сепак, солта би требало да ја користите само во краен случај, бидејќи можете да ги оштетите скалите (особено ако се дрвени). Можете исто така да се обидете и со мелено кафе, кое го има истиот ефект.
Сода бикарбона
Содата бикарбона делува како и солта, бидејќи содржи натриум во одредени количини. Посипете по заледените скалила, па преку неа посипете песок. Проверувајте ги скалите и повторете ја постапката ако е потребно.