Како да се ослободите од модринките?

Дали знаевте дека можете да се ослободите од модринките со помош на овошје и зеленчук? Со оглед на тоа што се уште се наоѓаме во најтоплиот период од годината, кусите и лесни облеки се дел од нашиот секојдневен изглед. Доколку вие сте една од оние личности кои водат борба со модринките на вашето тело, ви откриваме неколку совети како на едноставен начин да се решите од истите.

1. Ананас

969pineapple

Парче ананас притиснато до модринката делува доста ефикасно, бидејќи ананасот содржи фермент, кој ја убрзува апсорпцијата на хематомот.

2. Кромид

kromid

Исечкајте го кромидот на неколку кришки. Потоа, една од нив притиснете ја на модринката и држете неколку минути. Постапката повторувајте ја неколку пати на ден.

3. Компир

potatoes-3

Сварете го компирот, па излупете ги корите и изгмечете го. Додадете две лажички мед и обична вода, и смесата нанесете ја на модринката. По некое време ќе ги забележите и резулататите.

- Реклама -