За да бидете успешни, не ви се потребни само талент и мотивација, туку и добро здравје.
А важен, но запоставен дел од последното е сонот.
Нитум Верма е научник и основач на компанија PeerWell, кој е експерт за спиење. Неодамна тој одговараше на прашања на Reddit поврзани со спиењето. Погледнете неколку заклучоци од разговорот со него:
Легнувајте си и будете се секој ден во исто време
Вашето тело има внатрешен часовник, кој ќе се програмира, ако секој ден одите на спиење и станувате во исто време. Кога во текот на викендот спиете повеќе, ова го става вашето тело во положба како што е временската разлика при патување.
Спиј 7 – 9 часа на ден
Потребни се помеѓу 7 и 9 часа за да помине вашиот организам низ сите фази низ кои што е неопхоно, за да отпочине и да заздрави. Некои луѓе спијат само по 4-5 часа и велат дека се навикнати и не се чувствуваат уморни, вели Верма. Но тие се лажат себеси. Навистина може да се навикнеш на овој режим, но не е здраво тој да се одржува долго време.
Внимавајте што јадете и пиете пред спиење
Избегнувајте да јадете непосредно пред спиење. Алкохолот исто така не се препорачува – некои луѓе мислат дека алкохолот ќе ги успие, но всушност тој и причинува штета на подлабоката фаза на спиењето.
Не тренирајте точно пред спиење
Во ред е да направите малку гимнастика пред да си легнете, доколку не сте имале време во текот на денот, но тоа ќе го „разбуди”“мозокот и ќе ви даде наплив на енергија, што потоа ќе ве спречи да заспиете.
Темни завеси
Погрижете се во спалната соба ви да биде темно и тивко.
Ритуал пред спиење
Замислете дека вашето тело е како автомобил. Дури да притиснете нагло на сопирачките, нема инстантно да сопрете. Ова се случува и со вашето тело – сопирање и време за прилагодување кон спиењето. Добро е точно еден час пред спиење да го исклучите лаптопот и да не гледате во смартфонот, за да не си го одвлекувате нвниманието. Може да измислите некој “ритуал” за последните 10 минути пред спиење, со цел да го подготвите телото сосема да мирува.