Како да се лечите со топла вода како Јапонци

Јапонците со векови користат еден многу прост и безопасен метод кој може поволно да влијае на голем број болести, а некои дури и да ги излечи. Не е дека измислиле топла вода, ама тоа е методот – топла вода.

Поконкретно – чаша топла вода наутро на празен стомак. Се препорачува за разни состојби, а ги подобрува сите функции на телото и му помага во справување со проблемите.

Кинезите и Јапонците не случајно пијат топол чај со храна, а не ладна вода. Можеби е добро да се учи од овие милениумски навики. Проблемот е што пиењето ладна вода по јадењето ги стврднува мастите и го успорува варењето.

Пред некое време дури и научни студии ја потврдија корисноста на оваа навика. Излегува дека пиењето на топла (речиси врела) вода наутро на гладен стомак помага при следниве болести: главоболка, болки во телото, артритис, епилепсија, бронхитис, астма, менингитис, болести на бубрезите, дебелината, гастритис, дијареја, дијабетес, запек, сите видови очни болести, рак, менструални проблеми, болести на ушите и грлото.

Ако сакате да сте поздрави, Јапонците советуваат да го примените следниов метод:

• Кога станувате наутро, уште пред да ги измиете забите, испијте 4 чаши од по 160 милилитри топла вода
• Измијте ги забите, но не јадете и не пијте ништо друго најмалку во наредните 45 минути
• По појадокот, не пијте ништо најмалку 2 часа. Ова исто така важи и за сите оброци, бидејќи пиењето вода после јадење ги разредува дигестивните сокови и ја нарушува работата на стомакот

Постарите и болните луѓе кои не можат да испијат 4 чаши топла вода одеднаш, можат да почнат со помала количина, а постепено со тек на време да ја зголемуваат додека не достигнат 4 чаши.

Третманот со топла вода го покажува позитивниот ефект врз високиот крвен притисок за само 30 дена, врз гастритисот – за 10 дена, врз дијабетесот – за 30 дена.

Методот нема никакви несакани ефекти, освен дека почесто ќе ви се оди по нужда. Се разбира, за секоја болест треба прво да се консултираме со лекар, но пиењето топла вода во утринските часови е одлично дополнување кон подобро здравје.

- Реклама -