Се смета дека дури околу 60 отсто од луѓето во светот имаат поголем или помал проблем со хемороидите, а ние ве носиме неколку совети како да ја ублажите болката која ја следи ова непријатно заболување.
Поради хемороидите редовната столица станува вистински пекол.
Хемороидите се болни проширени вени во долниот дел на анусот. Најчеста причина за настинка на хемороисите е напрегање, констипација, генетички фактори, стареење, прекумерна тежина, подигнување на тешки предмети, долготрајна дијареа, долготрајно седење.
Симптомите можат да вклучат крвавење во текот на столицата, болки околу анусот. Целото подрачје е чувствително, болно и чеша.
За да си олените и да ја спречите појавата на хемороидите пијте поголема количина на вода, а исхраната мора да биде богата со влакна, овошје и зеленчук.
Таков начин на исхрана овозможува мека столица, со што празнењето на цревата ќе биде полесно, а се намалува и притисокот, кој кога е зголемен ја подигнува и настинката на хемороидите.
Исто така, избегнувајте подигнување на тешки предмети и долготрајно седење.
Ако сте често жртва на оваа непријатна појава, постојат повеќе видови на противхемороидни креми што можат да ви помогнат.
Можете да се обидете и со ароматерапија. Корисно е капењето во топла када или примената на купки неколку пати дневно со чиста и топла вода во која се препорачува да се додадат дестина капки масло од бергамот.
Зголемете го внесувањето на биофлавонидите така што ќе консумирате повеќе грејп, овошје и житарици.
Во продолжение еве и еден природен ЛЕК.