Како да препознаете лага

lobacev_baron_ppСигурно честопати сте биле во ситуација кога сте посакале да ги сокриете своите чувства. Но, колку и да се обидуваме со зборови да ги прикриеме, свесно или несвесно, невербалните знаци се оние што често не’ издаваат.


lobacev_baronСигурно честопати сте биле во ситуација кога сте посакале да ги сокриете своите чувства. Но, колку и да се обидуваме со зборови да ги прикриеме, свесно или несвесно, невербалните знаци се оние што често не’ издаваат.

Дури и кај личноста која се обидува свесно да ги контролира невербалните знаци, вистинските чувства, макар и на само дел од секунда, избиваат на површина.

Постојат бројни движења или сигнали коишто укажуваат на тоа дека некој не ја зборува вистината. Еве неколку по кои ќе познаете дали вашиот соговорник лаже:

1. Рака преку уста
Раката преку уста покажува дека таа личност се труди да не проговори. Истото значење го има и нежниот и брз потег со прстите преку уста.

2. Ограничени движења
Кај некои луѓе кога лажат се појавуваат ограничени движења со рацете. Рацете престануваат да гестикулираат кога луѓето не се сигурни во она што го зборуваат. Природното движење на рацете речиси целосно престанува, бидејќи мора силно да се концентрира на она што го говори, за да остави впечаток на сигурност. При нормален разговор дури и рацете во џебовите се движат што сигнализира нервоза.

3. Лижење на усните
Ако некој почне нервозно да ги лиже усните, тоа може да значи дека не е сосема сигурен во своите зборови.

4. Нервозно кашлање
Нервозното кашлање може да е и само тоа: нервозно кашлање. Меѓутоа, ако некој почне да кашла во исто време кога ќе почне и да објаснува нешто, а тоа наедно е проследено со долги, некарактеристични движења за тоа лице, имајте на ум дека најверојатно лаже.

5. Зацрвенување
Зацрвенувањето е сигурен знак на предупредување дека лицето не се чувствува пријатно во тоа друштво. Можеби причина е она што го зборува или оној кому му зборува, бидејќи се чувствува немоќно и не може да ги изрази своите вистински чувства.

6. Неправилно дишење
Неправилното дишење е сигурен знак за непријатност. Но само со активно набљудување може да се забележат промените во дишењето кај другата личност.

7. Тапкање со нозете
Тоа е знак на предупредување кој често го испраќаат многу напнатите луѓе. Тоа е знак кој не’ предупредува да го забрзаме разговорот, но може да укажува и на лага.

8. Бавно поместување, мрдање
Честопати додека луѓето лажат, тие потполно владеат со своето тело. Раката полека се движи, лицето е без мимика, а гласот е јасен и гласен. Па сепак, и покрај сите знаци кои укажуваат на сигурност, забележуваме лесно мрдање со телото. На тој начин се обидуваме да го надвладееме тоа движење.

9. Избегнување на поглед
Ова се случува многу често кога на личноста и’ е непријатна темата за која се зборува или би сакала нешто да прескокне и прикрие. Тоа движење лесно може да се препознае.

10. Затворени очи
Сигурно сте виделе луѓе кои зборуваат со затворени очи. Со тоа нагло движење покажуваат дека не сакаат да бидат во ситуацијата во која се наоѓаат. Затоа се исклучуваат пред непријатната глетка.

11. Стишување на гласот
Кога луѓето лажат, гласот им поприма снижен тон. Неволјата со лагата е во тоа што потсвеста влијае автоматски и независно од нашата изговорена лага, па така говорот на тело не’ издава. Додека трае лагата, потсвеста испраќа нервозни сигнали кои се спротивставуваат на зборовите што ги слушаме.

виа.

- Реклама -