Како да познаете дека посветувате премногу време на кардио вежби

КардиоКако и со сè останато, многу лесно може да се случи да претерате и со здравите навики како што е вежбањето. Ако престрого пристапите кон некој режим на вежбање и одите по филозофијата – колку повеќе здравје толку подобро – многу лесно може да се најдете во ситуација да си наштетите, наместо да ја подобрите здравствената состојба. Проверете како!

Како и со сè останато, многу лесно може да се случи да претерате и со здравите навики како што е вежбањето. Ако престрого пристапите кон некој режим на вежбање и одите по филозофијата – колку повеќе здравје толку подобро – многу лесно може да се најдете во ситуација да си наштетите, наместо да ја подобрите здравствената состојба. Проверете како!

КардиоВреме: Освен ако не се подготвувате за трка, маратон, триатлон или нешто сл., тогаш нема причина да вежбате повеќе од 30 минути кардио вежби. Доколку имате на располагање повеќе од 30 минути и ентузијазам за вежбање, по половина час, продолжете со истегнување, вежби со тегови или вежби за стомачните мускули.

Недостиг на резулатати:
Сте започнале со вежбање за да ја намалите телесната тежина, но не гледате некои позначајни резултати – причината за ова најверојатно е фактот што претерувате со кардио вежбите. Иако широкораспространетото мислење е дека телесната тежина се намалува со кардио вежби, всушност, истото се постигнува со вежби со отпор.

Повреди:
Премногу стрес на мускулите и зглобовите од трчање може да доведе до повреди. Затоа, покрај ограничување на времето за вежбање, пред почетокот на секоја сесија, убаво истегнете ги сите групи мускули.

Здодевност:
Вежбајќи ги истите вежби секој ден од секоја недела од секој месец од секоја година може сериозно да ви здодее. Затоа, најдобар совет кој може некој да ви го даде на оваа тема, во насока на задржување на мотивацијата е – од време на време сменете ги вежбите кои ги вежбате.

- Реклама -