Колку би било убаво да имате можност да скинете свеж зелен кромид од почва кога и да ви притреба?
Ништо не заменува свежи кромитчиња во вашата салата, сосови или супи (или со 10-ка кебапи). Но, како можете да обезбедите снабдување на свеж кромид во вашиот дом во секое време?
Секако, кромидот е достапен во текот на целата година во супермаркетите, но тие тешко дека се свежи и не постои начин да се знае со сигурност од каде дошле и колку се здрави.
Градинарите дошле до едноставно решение за овој проблем, без разлика дали живеете во стан или куќа со двор.
Погледнете ги инструкциите подолу и ќе се чудите како и на вас не ви текнало ова порано.
Прво, ви треба саксија, односно големо пластично шише во овој случај.
Потоа, исечете го вратот на шишето и направете дупки соодветни за големината на кромидот.
Следно, пополнете го шишето со слоеви на кромид и почва, додека не го наполните цело.
Наводнете го…
И конечно, ставете го покрај прозорецот на дневна светлина..
И гледајте секојдневно како кромидот расте…
За брзо време, ќе добиете нешто што ќе излгеда вака:
Свеж, домашен и вкусен, уживајте во оброците со свежиот кромид.