Како да не ти се прегрева лаптопот

Ако го користиш лаптопот на дневна база, особено ако маратонски гледаш серии, ова е за тебе.

Во обид да ги направат лаптопите помали, нивните системи за ладење најчесто не се дизајнирани за интензивна употреба. Баш затоа често се прегреваат, некогаш и до степен да не можеш да ги допреш. Соочен со таквата мака, еден јапонски Твитер корисник најде досетлива фора за да го спречи прегревањето. Бакарни парички. Многу, многу бакарни парички.

macbook-coin-overheat[1]

Бакарот е многу подобар проводник на топлина отколку алуминиумот или пластиката од кои се прават лаптоп компјутерите и служи како радијатор на топлината што доаѓа од компјутерот.

macbook-overheat-problem[1]

Сузуки Акинори – типчето со идејата, предлага користење на парички од 10 јена, бидејќи во нив има бакар. Бакар има и во денарите, ама не сме сигурни колку би биле ефикасни. Ако има некој со одговор, ќе биде супер да пише во коментари. Истото важи и за центите на еврото, кои слично, се направени од челик, обложен со слој од бакар. Како и да е, сигурни сме дека меѓу вас има умни глави што ќе знаат како да импровизираат.

Во меѓувреме, некои не само што го прифатија советот на Акинори, туку го имплементираа и на своите десктоп компјутери, наместо „heat sink“.

COMPUTER-COIN-RADIATOR[1]

- Реклама -