Празниците се тешки за сите, дури и ако сте максимално решени да не ја зголемите телесната тежина. Иако периодов е невозможно да се држат диети, не заборавајте дека килограмите не се отстрануваат како новогодишните лампиони.
Мерете се двапати неделно
Односно, доволно често за да останете на вистинскиот пат, но и доволно ретко за да може да уживате во гастрономските специјалитети. Мерете се наутро на гладен стомак.
Почнете го денот активно
Вежбањето наутро ќе направи да се чувствувате добро во текот на целиот ден и ќе ја намали вашата потреба за храна.
Бидете пребирливи
Контролирајте ја стрвноста и јадете само од храната што навистина ви е вкусна. Не мора да пробате од сите јадења што се на масата.
Само кажете „не“
Волјата е како мускул, колку повеќе ја користите толку сте посилни.
Избегнете ги калориите
Не гладувајте во текот на целиот ден само за да јадете неконтролирано на вечерната забавна, затоа што на овој начин му ја отежнувате работата на вашиот метаболизам и на крајот од вечерата може да изедете многу повеќе од потребното.
Организирајте ги вежбите
Доволни се само 15 минути за да ја одржите телесната форма. Ако немате време за да одите на фитнес, скокајте 15 минути на јаже и ќе согорите околу 190 калории.
Не се отажувајте од слатките
Ако ви се јадете благо, земете неколку коцки чоколада и со тоа ќе ја задоволите потребата за слатките работи, без да ризикувате да добиете напад и да изедете многу повеќе од посакуваното.
Не носете храна дома
Ако остане храна на забавата, не земајте ја дома со вас. Далеку од очи, далеку од мисли.
Бидете решителни
Кога нема да може да им одолеете на калоричните продукти, окупирајте се со други работи и на тој начин сигурно ќе заборавите на чоколадата што колегата ја донел на работа.
Избегнувајте газирани пијалаци
Факт е дека стомакот се дуе при консумација на сите газирани пијалаци.
Пијте многу вода
Дневно ви се потребни повеќе од 8 чаши вода, а ако сте зафатени веројатно ќе заборавите да ги испиете. За да го хидрирате телото, за вечера изедете зелена салата со малку оцет и неколку парчиња авокадо.
Чај од нане
Чајот од нане го смирува стомакот и ги намалува гасовите.
Јадете полека
Одвојте доволно време во текот на денот за смирено да ја изедете храната, затоа што брзото јадење води до подебел стомак.
Внесувајте доволно калиум
Калиумот му помага на телото да го исфрли вишокот течности. Го има во бананите, јагодите, дињата и кивито.
Не му подлегнувајте на стресот
Научно е докажано дека жените кои успеваат да останат смирени и не му подлегнуваат на стресот имаат помала телесна тежина.