Како да не оплескате на интервју за работа

Повеќе... Jonathan Littman и Marc Hershon напишаа книга за начините за пронаоѓање на работа која ви одговара и иако има навистина идиотски наслов : Мразам луѓе! Отакачете се од злобните и нечесни дркаџии од работа и добијте го она што го сакате од вработувањето.“, пораката во неа е многу едноставна – за добро да поминете на интервјуто, потребно е работодавците да ве засакаат, а не да ве замразат. Еве неколку едноставни работи кои значат многу, а на кои лесно можете да влијаете.


job-interview12.jpgJonathan Littman и Marc Hershon напишаа книга за начините за пронаоѓање на работа која ви одговара и иако има навистина идиотски наслов : Мразам луѓе! Отакачете се од злобните и нечесни дркаџии од работа и добијте го она што го сакате од вработувањето.“, пораката во неа е многу едноставна – за добро да поминете на интервјуто, потребно е работодавците да ве засакаат, а не да ве замразат. Еве неколку едноставни работи кои значат многу, а на кои лесно можете да влијаете.

1. Немојте постојано да се смеете
Премногу смеење на интервју за работа се толкува како знак на нервоза и недостаток на самодоверба. Со други зборови – глумење, а тоа е нешто што на работодавецот никако не му одговара. Смејте се кога треба да се смеете, а на интервјуто бидете смирени и пријатни.

2. Без празни муабети
Никогаш немојте да ја потполнувате тишината со безначајни приказни за вашата омилена серија, или за вчарашниот фудбалски натпревар или нешто слично. Моментите со молчење се многу подобри од бесмисленото блеблетење.

3. Пробајте да не се потите
Ок, ова е многу полесно да се каже одошто да се направи, но барем можете да пробате да не се облекувате премногу. На никој не му влева доверба човек кој одговара на прашања и интензивно се поти – и тоа се смета за знак на нервоза.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

4. Не лажете
Со невистини нема да добиете работа, а во разговорот за време на интервјуто и најмалото претерување се смета за лажење. Заради една лага може да ви пропадне целиот разговор, а искусниот испитувач ќе ја препознае и тоа ќе ви го каже во лице.

5. Не обидувајте се да бидете комичар
Нема да знаете ништо за личноста која ве интервјуира, ни нејзините најголеми афинитети, а уште помалку нејзината смисла за хумор. Она што за вас е смешно, може да изгледа потполно бесмислено во очите на другите.

6. Не трошете го туѓото време
За време на секое интервју работодавецот ви дава шанса и вие да го прашате нешто. Направете го тоа интелегентно, јасно и бидете во контакт со погледот со личноста која ја прашувате за да сфатите дали прашањето е добро примено. Ако поставите еден куп прашања за неважни работи, тоа ќе имплицира дека така ќе се однесувате и кога ќе работите – расипнички.

7. Не коментирајте ги другите кандидати или претходното работно место
Ако на цел глас се жалите на претходната работа, а својот поранешен шеф го нарекувате „ѓаволот лично“, работодавецот ќе се замисли поприлично за тоа каква личност ќе прима во својот колектив.

8. Не бидете ситничави
Ако од старт тргнете да барате „посебна ергономска столица за вашиот болен грб“, или се запнете за тоа колку е „неиздржливо топло тука“, големи се шансите само љубезно да ви заблагодарат пред да ве ве испратат набрзинка надвор. Никој не сака некој ситничавко кој постојано се жали за колега.

- Реклама -