Многу луѓе страдаат од анксиозност, психичка состојба проследена со чувство на тешкотии и грижи. За лекување на овие симптоми некои психолози ја користат свесноста, т.е. моментот на будење, терапија која има корен во будистичката медитација.
Еве на кој начин освестувањето може да помогне, пишува во својата книга „Тхе Миндфул Манифесто“ доктор Џонти Хиверсеџ:
– Пред да го насочите умот кон анксиозноста низ која поминувате, концентрирајте се на дишењето – почувствувајте како воздухот лесно ви струи низ ноздрите, се спушта низ грлото и во белите дробови. Почувствувајте ги отчукувањата на срцето и замислете како тоа ја пумпа крвта со кислородот низ вашето тело. Продолжете така се додека не бидете подготвени за медитација.
– Пренасочете го сега вашето внимание на вознемирените мисли. Кои мисли се присутни во вашиот ум во овој момент? Разгледајте ги тие мисли објективно, немојте да реагирате емотивно на нив.
– Постои мит дека, кога медитирате, треба да имате „празен“ ум. Но мислите не се непријател и обидот да ги запрете само ќе доведе до натамошна борба во вас. Третирајте ги мислите за време на медитацијата како да ви свири радио во позадина – можете да го слушнете, но вашето внимание насочено е на нешто друго.
Во состојба на свесноста вие обрнувате внимание на фактот дека имате мисли, но не го слушате што тие имаат да ви кажат. Обидете се мислата да не ја карактеризирате како „добра“ или „лоша“. Негувајте го ставот на сталоженост без оглед на тоа што се случува во вашиот ум. Набљудувајте ги своите мисли со љубопитност и нежност и со самото тоа полесно ќе ги поднесете.
– Кога и да забележите дека умот ви талка, препознајте дека „заскитал“ и нежно вратете го вниманието кон набљудување на мислите.
Продолжете да работите со своите загрижени мисли на овој начин онолку долго колку што самите сте одредиле. Работата на будењето може да биде предизвикувачка и напорна, така што е најдобро во почетокот да работите во покуси периоди.