Како да изведеш Хајмлихов зафат, ако си сам (видео)

rehman

Ова кратко видео може еден ден да ви го спаси животот.

Кога некој се задушува, од храна на пример, стандардната процедура е Хајмлиховиот зафат. Има само еден мал проблем – тоа подразбира дека имате барем уште еден човек до вас, кој би го извел. Но, што ако сте сами?

Како што вели Џеф Реман, американски пожарникар, медицински техничар во одделот за Итна помош и експерт за вештачко дишење повеќе од 20 години, во текот на долгогодишната пракса забележал дека не постои докажано средство и начин за луѓето да си самопомогнат во случај на задушување. Па така, тој работел на тоа да најде решение што всушност работи, а уште подобро, и смета дека нашол.

Неговиот метод потекнува од минатото, кога бил боксер, и е модификација на една вежба што ја научил од тогашниот тренер, чија намена била да ги зајакне абдоминалните мускули. Реман видел многу поголем потенцијал во методот, па го имплементирал во својата медицинска пракса.

Така, првото нешто што треба да го направите е да паднете на колена, потпирајќи се на рацете, во позиција како да ќе лазите или правите склекови. Следниот чекор е одеднаш да ги испружите рацете што понапред можете, буквално плеснувајќи со градите на подот. Овој удар би требало да е доволен за да одглави што и да ви е заглавено во дишните патишта, или во најмала рака да го помести доволно за да можете да дишите.

Патем, Реман нагласува дека ништо не е 100% сигурно, но дека овој негов трик е подобар од сé што до сега научил во животот.

- Реклама -