Многумина советуваат да изберете пудра на природна светлина, но тоа се покажува како тешка задача, особено ако козметичката продавница е лоцирана на место каде што е невозможно да се пронајде природна светлина и воздух. Што можете да направите во таков случај? Прво, не ја нанесувајте пудрата на раката, бидејќи кожата таму нема ништо заедничко со онаа на лицето.
Најдобро е да ја пробате шминката на дното на кожата, каде што се наоѓа коската на долната вилица.
Кога сакате да го промените бројот на пудра (ваква замена претстои со доаѓањето на пролетта и летото, кога тенот на кожата се менува), секогаш водете се од правилото „Еден тон потемен, еден тон посветол”. Во првиот случај станува збор за преминот од зима кон пролетно-летна пудра, а вториот обратно – од пролетно-летна кон зимска.
Ако сте со топол тон на кожата – златна или жолтеникава, изберете и пудра со жолт тон, ако сте ладен тип – кожата ви е со повеќе модрикава или розова, изберете тен во розова нијанса. И еден совет: Нанесувајте пудра со прстите, така таа се разнесува полесно и изгледа повеќе природно.