Како да избегнете плачење кога сечете кромид?

Најголемата мистерија во светот на готвењето е решена.

Ако подолго време готвите сигурно сте налетале на совети кои ви го олесниле процесот на подготовка на храната, но ако штотуку сте започнале да се вртите во кујна, еве неколку вредни совети.

Како тестенините да не ви се залепат за тенџерето?

Важно е садот во кој готвите да биде доволно голем и тестенините да се готват во доволно солена вода. Важно е и да не ги готвите предолго, затоа придржувајте се на времето означено на пакувањето. Зејтин додајте откако ќе бидат сварени.

Како да го спречите плачењето додека сечете кромид?

woman-cutting-onion-horiz

 

Колку ножот е поостар, толку помалку солзи ќе пуштите. Кромидот ги надразнува очите затоа што со сечењето се оштетуваат клетките при што доаѓа до хемиска реакција која создава кисели гасови. Поострите ножеви помалку ќе ги оштетат клектките и помалку ќе плачете. Освен тоа, може да го смрзнете крмидот пред сечење и да избегнете плачење.

Како да знаете дали јајцата се свежи?

eggs-in-water-646-600x681

Свежите јајца се потешки и ќе потонат на дното во садот со вода, превртени на страна. Помалку свежите јајца ќе допрат до дното, но со врвот. Расипаното јајце ќе остане горе.

 

Како да ги отворите тврдоглавите ф’стаци?

Ф’стаците се скапи за да ги фрламе. Наместо да дојдете во искушение и оние затворените да ги отворате со заби или со нокт, обидете се да го направите ова. Земете половина лушпа од веќе отворен ф’стак што ќе може да ја протнете и во најмал отвор, свртете ја како клуч и готово!

- Реклама -