Доколку вашето купатило нема соодветна вентилација, свесни сте за проблемот на замагленото огледало после секое туширање. Најголемата маана на оваа појава е фактот што доколку го избришете огледалото со крпа, ќе останат траги кои ќе се јасно видливи откако пареата ќе исчезне.
Но, девојката во видеото подолу ни покажува начин кој ќе ви помогне да создадете огледало отпорно на замаглување.
Земете пена за бричење и размачкајте ја по огледалото. Веднаш штом пената ќе се исуши исчистете го огледалото со влажна крпа и хартија. После оваа постапка, огледалото нема да ви се замаглува во наредните месец дена.