Секој може да стане инстант популарен со додавање на филтер или неколку hashtags. Vine и Instagram обезбедија уникатни платформи за корисниците да ги покажат своите креативни способности. Неколку секунди со камера од мобилен телефон се чини многу ограничувачки како начин за споделување на видеа, па корисниците продолжуваат да се вџашуваат од социјалните мрежни поради нивните уникатни и паметни пристапи.
Еден од најимпресивните типови на видеа на овие платформи се оние со специјални ефекти. Благодарение на Mashable, може да ги научите техниките потребни за изработка на овие видеа со специјални ефекти и тоа гратис.
1.Hands Free – Ова е всушност најлесниот трик и бара ништо повеќе од Вашиот телефон. Додека тековната апликација за двете Vine и Instagram бара да го допрете екранот за да снимате видео, Вие сеуште можете да направите hands-free Vine или Instagram видеа со користење на помошната функција на допир на Вашиот телефон.
Ако имате iPhone оваа функција веќе е достапна за поставување, а доколку имате Android мора да ја превземите апликацијата како Touch Me-Assistive Touch апликацијата од Google Play. После тоа вашите подесувања треба да бидат многу слични. Go to Settings-General-Accessibility и дојдете на дното на екранот. Под Triple Click променете ги поставувањата со троен клик на home копчето, па сменете на Assistive Touch. Потоа одете назад на Assistive Touch под Physical and Motor за да бидете убедени дека вашата помошна функција на допир е активирана. Откако е вклучена треба да подесите три нешта: шест секунди, една секунда и инстант допир. Изберете Create New Gesture за да ги созадете. За шест секунди допир допрете го екранот додека се полни. Снимете го овој гест како 6 Seconds. За една секунда допир, мора да го тргнете вашиот прст, затоа што во спротивно телефонот нема да го препознае гестот како гест за цела секунда. Снимете го како 1 Second. За инстант допир допрете го екранот за секунда без да ги движите вашите прсти. Зачувајте како Instant. Сега отворете ја апликацијата Vine или Instagram, вклучете ја помошната фнкција на допир, изберете еден од гестовите и снимајте. Само не заборавјте да го исклучите assistive touch кога ќе завршите со снимањето.
2.Alien Abduction and Other Special Trics- Да одите по ѕидови е специјален ефект кој може да се постигне на еден начин. Сврете ја собата на страна. Во Vine видеото погоре собата е поставена, па така креветот се потпира на ѕидот, но не лежи на подот. На тој начин масата е рамна со тоалетната комода за подршка. Кога аbduction се случува мора да одите и да се преправате дека дава блесок. Единствено тежок аспект за постигнување е ефектот да бидете креативни со вашата околина. Користете го работ како полица. Свртете ја собата на страна и одете по ѕидови. Единствено ограничување е вашата креативност, добро можеби и гравитацијата.
3.Рефлексија, клонирање и замрзната позиција- Друг популарен специјален ефект вклучува рефлексии што се чини дека не сакаат да ги следат своите двојници во вистинскиот живот повеќе, како што тоа е во видеото. Овој тип на постови добива поголема вклученост од едноставното одредување на поставувањата на вашиот телефон. Ви е потребна регуларна камера која снима видеа, поставете ја на начин да не може да се гледа во огледалото во дополнување на видео софтверот за уредување.
Основната идеја е да снимате два дела на видеото, вие и клонираната рефлексија од вас, а потоа користете го видео софтверот за уредување да ги монтирате двете видеа заедно во едно видео. За повеќе детали проверете го видео туторијалот од Џо Саладс. Откако сте го создале видеото ќе треба да превземите две програми: Handbrake и I-Funbox и да го префрлите на Vine или Instagram. Важно е да знаете дека вашето видео треба да биде пократко од 7 секунди. За повеќе детали како да ги користите овие програми за да го префрлите вашето видео на Vine или Instagram користете го туторијалот од Дастин Волтерс.
Забелешка за горенаведените туторијали. Поради кодирани причини некои од корисниците ги наоѓаат овие методи како нефункционални. Пробајте го воа. Откако ќе го копирате и залепите името на датотеката и одите назад на Vine или Instagram и пред да кликнете на Next снимете една рамка со каптажа на екранот и брзо опфатете го со камерата, за да може да снимите црн екран. Ова со сигурност ќе ви помогне да го префрлите видеото. Исто така корисниците се жалат дека Vine ги отстраниле нивните видеа од страната, поради условите од прекршувањата.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk