Модерните студии и истражувања се занимават со сѐ и сешто. Така низа студии ни откриваат научно потврдени совети како да бидеме посреќни.
1. Трошете ги парите на други луѓе наместо да се усреќите себе си. Барем така покажува една студија објавена во магазинот Psychological Bulletin која дошла до заклучок дека најсреќни се токму оние кои најмногу даваат независно од тоа колку заработуваат.
2. Набројте си ги добрите работи што ве направиле среќни. Професорот Мартин Селигман од Универзитетот во Пенсилванија докажал дека луѓето кои секоја вечер на хартија пишуваат три добри работи кои им се случиле тој ден се посреќни од оние кои не го направиле тоа.
3. Пробајте нешто ново. Луѓето кои ја менуваат рутината се посреќни од останатите.
4. Бидете опкружени со сина боја. Научниците од Универзитетот во Сасекс докажале дека сината боја делува на пораст на самодовербата и го намалува нивото на стрес, а последично на тоа расте среќата.
5. Поставете си цели. Психологот Џонатан Фридман тврди дека луѓето кои си поставиле цели, краткорочни или долгорочни, се посреќни. Исто така, остварувањето на целите ги потиснува негативните емоции.
6. Спијте најмалку 6 часа секоја вечер. Луѓето кои спијат 6 часа и 15 минути се најсреќни.
7. Погрижете се да имате најмалку 10 добри пријатели. Во истражувањето на Универзитетот Нотингем личностите кои изјавиле дека имаат 10 или повеќе добри пријатели се посреќни.