Ние го знаеме вака (ко на сликата), и тоа од филмот. Но внимавајте, сликата е таква каква што е зашто во филмот најчесто сепак мора да е видливо тоа што се случува.
Во реалноста, сé било многу потемно. На отворен океан го нема таканареченото светлосно загадување кое го има во градовите, заради кое веќе не ни знаеме како изгледа вистински мрак. На отворен океан има само ѕвезди, и во случајов, преостанатите светла од Титаник.
… Што дополнително му придодава на хоророт. Замислете само, седите во чамец за спасување среде мртва темница, а одоколу слушате очајни повици за помош од луѓето што се дават.