Фреди Фигерс како бебе бил оставен во контејнер за ѓубре. Денес е извршен директор на компанија вредна 62 милиони долари. Тој е роден во градот Квинси, Флорида, САД. Неговата мајка го оставила на буниште бргу по раѓањето. Фреди бил само 2 дена стар кога Нејтан и Бети Фигерс го вдомиле.
Кусо потоа на неговиот татко му бил дијагностициран Алцхaјмер, па момчето изработило специјални патики со вграден ГПС-уред за двонасочна комуникација. Тој изум за кусо време му донел заработка од 2,2 милиона долари.
На 24 години, младиот пронаоѓач веќе имал дизајнирано 80 софтверски програми, а освен умствено-работните способности, во својата околина важи и за човек со високи морални вредности. Нуди стипендии и помош за програми за млади, помага при плаќањето долгови на оние кои не можат да се справат со тоа…
Како што коментираат неговите сограѓани, животната приказна на Фреди е инспирација за многумина.