Четиригодишната Бела веројатно е моментално најпознатиот полиглот, откако се прослави со видеото од шоуто „Неверојатни луѓе“ на рускиот ТВ канал „Русија 1“. Во видеото, Бела самоуверено разбира, зборува и чита на седум јазици, и тоа прилично различни јацизи – покрај руски, и англиски, шпански, француски, арапски, германски и кинески.
Во меѓувреме, Новинарите ја прашаа мајката на Бела Деваткина да раскаже како нејзиното дете го постигнало овој успех.
Имено, уште од раѓањето на Бела, таа ѝ зборувала на два јазика – на руски и англиски, но со посебен систем, строго ограничувајќи ги временските рамки за секој од јазиците – еден ден бил посветен на руски, следниот ден – на англиски. Таквата пракса продолжила и кога Бела почнала да зборува, со тоа што сега мајка ѝ уфрлувала и мешала руски зборови во „англискиот“ ден, и обратно. А кога Бела почнала да зборува успешно и на двата јазика, пријателите на семејството ги советувале родителите Бела да продолжи да учи и други јазици. И така, Бела денес зборува седум, а во иднина којзнае уште колку.