Какао – новото екстази

2008-lights-neon-nocturnal-party-rave-favimcom-63315[1]

Стремежот да се биде „хај“, а да не го папаш од законот, доведе до секакви иновации кај младите кои сакаат да се дрогираат. Најновата е – какао.

Трендот почна во Берлин, каде на некои журки се служеше сирово какао наместо алкохол или конвенционалните забранети дроги. Во последно време, какао се нуди на куп рејв журки ширум Европа и САД, било да е во облик на прав, таблета или како пијалок.

Какаото го користеле и старите цивилизации како Маите и Ацтеките, а во претколумбова Америка се користело како опијат. Естрактот од какао (и денес, нормално) води кон состојба на екстаза – содржи ендорфини, како и тирозин – кој е прекурсор на допаминот. Со оглед на тоа што ендорфинот и допаминот се природни неуротрансмитери кои создаваат чувство на уживање, не е чудно што вшмркувањето на какао им го подобрува расположението на луѓето на журките.

Прочитајте и:  Какаото против побелувањето на косата

Какаото е и богато со антиоксиданси, како епикатехинот, кои го подобруваат крвотокот до мозокот и мускулите, што пак ги „подигнува“ луѓето и на физички, и на емоционален план. Во контекст на журките, тоа значи повеќе енергија за денсање.

Пред ова да зазвучи како препорака дека е убаво да се дрогирате со какао, да потсетиме што мислат научниците на таа тема. Без оглед на тоа што сé уште нема конкретни докази за штетноста на какаото (веројатно затоа што никому претходно не му текнало да го шмрка), учените глави истакнуваат дека што и да испратите во погрешен правец – директно кон мозокот – не ви е паметна одлука.

- Реклама -