Какао апокалипса: На чоколадото му се ближи крајот

Според водечките производители на чоколадo, деновите на слаткото задоволство му се одбројани.

Минатата година, во глобални рамки е изеденo 70.000 повеќе тони чоколадo отколку што е произведена. Маката е сериозна – моменталниот дефицит на чоколадо е најголем во последните 50 години.

Водечките производители во Америка, Mars Inc. и Barry Callebaut AG, проценуваат дека дефицитот ќе порасне до 1 милион тони до 2020-та година, и до 2 милиона тони до 2030-та година.

 

Но, зошто?

Главните причини, покрај тоа што јадеме премногу чоколадо, се следните:

– На Брегот на слоновата коска и во Гана, каде што се произведува 70 проценти од какаото, сериозната суша ги уништува плантажите со ова растение. Глобалното затоплување наговестува дека ќе биде само полошо. Се прогнозира дека температурата ќе порасне и до 2C до 2050-та година.

– Болеста наречена Moniliophthora roreri, која ги напаѓа корените на какаото, уништува повеќе од 30-40 проценти од светското производство.

– Светот јаде се повеќе чоколадо. Кина, на пример, секоја година увезува се повеќе и повеќе чоколадо. Да биде пострашно, Кина допрва е на пат да јаде чоколадо во иста мера како западот. До сега, Кинезите јадеа само 5% од вкупното чоколадо изедено на западот. Процентот расте секоја година.

– Одгледувачите на какао речиси и да немаат профит од продажбата на зрната од ова растение (можеби заради прениските откупни цени?), па на негово место почнуваат да садат други растенија (каучуково дрво, меѓу другото).

– Чоколадото е се поскапо и поскапо, а тоа што денес вашата омилено слатко чини многу повеќе отколку од пред 10 години, не е случајност. Цената на какаото порасна од 1.46$ по тон во 1993-тата, до 2.73$ по тон во 2007-та.

http%3A%2F%2Fhss-prod.hss.aol.com%2Fhss%2Fstorage%2Fmidas%2Fabb6f46d46b08b68066357120abdd621%2F201096125%2F176633433[1]
Чаре?

Научниците се обидуваат да го спасат чоколадото создавајќи нова врста на какао што ќе биде отпорна на болести. Но, тоа не е така едноставно како што звучи. Од моментот кога ќе се посее семето, па до моментот кога ќе роди плод, треба да поминат околу две години. Така, пресметките велат дека би биле потребни барем 10 години додека се откријат корисните особини на какаото што треба да се зачуваат, како и негативните кои треба да се отфрлат.

- Реклама -