Кој ја најде пандата? Новогодишна загатка го полуде интернетот

На фотографијата која што го полуде интернетот гледаме десетици снешковци. Сепак, меѓу нив се наоѓа и една панда.
Фотографијата стана толку вирална што на Фејсбук истата е споделена повеќе од 60 илјади пати, а има повеќе од 40.000 лајкови само затоа што е многу тешко да се забележи пандата, односно, само 1 процент од оние кои зјапале во сликата успеале да ја пронајдат во рок од минута.

Цртежот е дело на Унгарецот Гергели Дудаш, кој се потпишува под псевдонимот Дудолф и на својата страна споделува слични загатки.

И самиот тој изјави дека бил многу изненаден од реакцијата на јавноста.

9470837188187415533743000781901216554446n

- Реклама -