Жените на кои кафето им е омилен пијалок нема да се израдуваат на оваа вест. Најновите истражувања покажуваат дека прекумерното консумирање на кафе го зголемува ризикот од рак на јајници.
Консумирањето 5-6 кафиња на ден го зголемува ризикот од рак на јајници за дури 81 процент, особено кај жените во менопауза. Испитувањето е извршено на 29.000 жени на Универзитетот во Бристол, а резултатите биле многу поповолни за жените кои не консумираат кафе во големи количини.
Она што најмногу ги изненади истражувачите, тоа е дека постои помал ризик кај жените кои пијат кафе без кофеин, но резултатите се сосема идентични со резултатите од кофеинскиот пијалок. Ова ги доведе истражувачите до заклучок дека до рак на јајниците не се доаѓа од прекумерна консумација на кофеин, туку поради некоја друга состојка што се наоѓа во кафето.
Првото утринско кафе воопшто не не разбудува, заклучиле научниците, а исто така не влијае на брз старт на рефлексите. Кофеинот влијае само на количината на апстиненција која се создава во текот на ноќта и која создава зависност кај луѓето, па по консумирањето на одредени дози им се чини дека се разбудени. Реалноста е поинаква, бидејќи тоа е во суштина само психолошка илузија. Будењето е нешто што се случува физиолошки, без било какво влијание од кафето. Кафето има минимални ефекти врз луѓето кои ретко го пијат.