Дизајнерот Џејсон Гох, кога бил мал имал обичај да си поигрува со храната и неговата баба имала обичај да му ја раскажува приказната за страшното чудовиште за да го заплаши да јаде. Му велела дека ако продолжи да си игра со крокетите од риба тие ќе се претворат во големо влакнесто чудовиште и ќе го изедат!
Инспириран од неговата приказна од детството, ја креирал „Moyee“ фотелјата која е како кадифено чудовиште, а пред се удобна. Идеална е за релаксирање и одмор а благодарение на вградените амбиетални светла може и да читате во неа. Единствено што треба да внимавате е да не ја превртите.