Каде што се сретнуваат спортот и порното

До неодамна, кога за некој фудбалер ќе се кажеше дека е надарен, обично се зборуваше за неговите најимпресивни вештини на теренот – дриблинг, пас, шут. Денес фразата обично има друго значење и по автоматизам се однесува на гаќите. Спортот, сé уште по малку срамежливо, сé повеќе се доближува до порното.

christiano-ronaldo-armani-jeans1[1]

Доказ дека е така е и неодамнешната статистика што ја објави еден од најголемите порно сајтови – PornHub, според која сé повеќе корисници се обидуваат да најдат порнографска содржина во која главни актери се некои од најдобрите фудбалски играчи. Дополнително, порталот објави листа на 15-те ѕвезди кои најчесто фигурираат во сексуалните фантазии на интернет публиката. Важно е што ниту еден од овие 15 нема никаков директен допир со порно индустријата. Едноставно, од некоја чудна причина, луѓето сé повеќе ги впишуваат имињата на спортистите во порно-пребарувачите; а за тоа какви резултати добиваат подобро е да не правиме муабет.

618x345[1]

Какво изненадување! На чело на листата е Кристијано Роналдо. Носителот на „Златната топка“ добро се носеше и со мошне популарни убавици, како на пример Русинката Ирина Шајк. Од друга страна, тоа што внимателно се грижи за својата надворешност го прави и најчеста мета на следење на геј заедницата. Во почетокот на месецот, францускиот новинар Даниел Риоло објави дека голгетерот на Реал Мадрид четири пати неделно лета до Мароко и се среќава со кикбоксерот Бадр Хари. Двајцата имаат и неколку троа вознемирувачки заеднички фотографии – на една од нив се полуголи покрај базен, а Хари го носи Роналдо на раце. Текстот гласи: „Штотуку венчани. ххахаха. Секогаш ќе бидам тука за да те кренам, братче”. Мошне очекувано, оваа вест ги запали „search“ полињата на сајтовите за возрасни.

Но, да се вратиме на врската на спортот со порното. Има и други имиња што фигурираат во пресекот на двете сфери, дури и ако не ги броиме сите оние порно актерки што им имаат ветено незаборавни искуства на фудбалерите од омилените фудбалски клубови или репрезентации.

618x618[1]

Минатото лето, UFC иконата Ронда Роузи доби непристоен предлог – да сними екслпицитни секс сцени. Интересот на продуцентите беше сосема оправдан – Американката често зборува за користа на сексот при подготовките за борбите. Непристојната понуда дојде од продуцентот Аксел Браун, а идејата беше Ронда да учествува во еден нов наслов, инспириран од стриповите на „Марвел“. Ронда доби и слобода сама да избере која суперхероина сака да биде, а условот беше да сними барем три сцени. Ветениот хонорар беше 5 милиони долари. Од друга страна, Роузи веќе има свој белег во бизнисот со голотијата. Таа беше инспирација за порно филмот на Џоана Ангел – „Ronda Arouse Me“, во која Ронда беше играна од Клејо Валентиен.

618x440[1]

Кариерата на белгискиот фудбалер Џонатан де Фалко не се разви особено добро – со своите 27 години, тој не покажа доволно талент на терените за да го привлече интересот на големите клубови, па затоа одлучи да ја смени својата професија. Најпрво, Де Фалко отворено ја искажа својата хомосексуалност, а потоа почна да снима геј порно. По признанието и промената на кариерата, Џонатан вели дека новата професија му носи далеку повеќе уживање, а денес тој е широко популарен кај геј публиката, под псевдонимот Стани Фалконе.

ad_146979164[1]

Поранешниот колумбиски напаѓач Фаустино Асприља живее со брзо темпо – се заљуби во порно ѕвезда, пукаше со автомат во телохранители, учествуваше во реално шоу, лежеше затвор, а направи и разголени фотосесии за неколку списанија. За неговите услуги не беа заинтересирани само Њукасл и Парма, туку и колумбиската „Санта Латина“ – порно студио од Богота. Компанијата му понуди плата од 8.000 евра по ден снимање. „Убедени сме дека по кратка обука Фаустино ќе открие во себе уште еден талент“, му ласкаа продуцентите, но сепак, Асприља одби. Неколку години подоцна, тој започна свој секс бизнис – создаде свој бренд на кондоми со овошна арома. Брендот го носи неговото име. Потфатот се покажа успешен, а и продажбата.

maxresdefault[1]

И американскиот боксер Јусеф Мек сними геј порно. Но, во неговиот случај, не само што не успеа да си ја закрпи катастрофалната финансиска состојба, туку успеа и да си ја сведе кревката репутација на нула. Експлицитните кадри со 35-годишниот Мек, татко на десет (!) деца, протекоа на интернет мрежата во октомври. Мек се правдаше дека бил под дејство на силни наркотици и дека не памети ништо од она што се случувало, само за подоцна да признае дека лажел и дека всушност е бисексуалец. „Се обидов да ја скријам вистината. Сакам да се извинам на мојата поранешна сопруга и на децата. Веќе нема да се срамам да бидам тој што сум”.

Како и да е, со огромниот интернет подем на порно индустријата, очекувано е дека истата ќе почне да привлекува сé повеќе професионалци од други сфери, како во случајов – спортот. Од друга страна, и самата порно индустрија прави напори и почнува сé поактивно да учествува во што е можно повеќе сфери на животот. PornHub се добар индикатор за таквиот тренд – од честото објавување на статистики, секс-истражувања, па до снимање Божиќни реклами.

- Реклама -