Фејсбук статус на Сашо Тасевски
Читнете го прво ова.
“Каде се сега родољубите мили, Кои пример добар би ни биле. Та не се ли сега богати со пљачки А заштита од судот и судските казни Нашле кај роднини и пајташи разни… Потем прекрасни си градат палати Во кои пируваат во разврат со саати Та кому тие не затнале усти Со ручеци, злато и балови чести. ”
Како а? Напишано пред 210 години од Грибоједов, руски драматичар и амбасадор, кој гине со херојска смрт во руската амбасада во Техеран. Како да го видел ова денес, кај нас. Поентата е, секогаш, секаде било исто. Циклус. Маѓепсан круг во кој едни постојано се надеваат и чекаат живот, а други го живеат. Си го прчат во превод. – пишува Тасевски