Home 365 Денес Каде ни „испаруваат“ основците?

Каде ни „испаруваат“ основците?

0
Каде ни „испаруваат“ основците?

Секоја учебна година ни снемува голем број ученици во основното образование. Ова се ученици кои ја запишале тековната година, а не ја завршиле, пишува Факултети.

Некогаш се 4.000 годишно, некогаш 2.000, некогаш 500. Но, како и да е, анализата на Факултети, а направена според податоците од Државниот завод за статистика за запишани и завршени ученици во тековната година, покажува дека за 8 години исчезнале вкупно 14.958 основци.

На проблемот укажува и поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски. Тој го дава примерот со учебната 2016/2017 година како соодветен одраз на трендот. Така, во оваа учебна година имало 6.723 ученици повеќе од претходната, а сепак, на крајот на учебната година, според официјалните податоци, бројот на ученици е намален за 2.490.

Неизбежно се поставува прашањето: Каде „исчезнуваат“ нашите основци? За правилно да се одговори на тоа прашање, Герасимовски повикува на темелна анализа на сите аспекти и состојби во основното образование – од бројот на ученици и училишта, преку условите, програмите, бројот на наставници, паралелки, ученици по одделенија, па до степенот на почитување на законот и законите.

Меѓутоа, за разлика од Герасимовски, дел од експертите сметаат дека е безбедно, и лесно, да се претпостави каде „испаруваат“ основците. Професорот Никола Панов од Институтот по географија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, вели:

„Се знае каде се, во странство. Не сите, ама најголем дел од нив се заминати некаде заедно со родителите. Каде инаку би биле ако се знае дека основното образование е задолжително. Бројките се различни секоја година, зависно од динамиката со која се селат. Еве, тоа може и да ни биде показател за иселувањето на нашите граѓани“.

Подетални информации прочитајте на Факултети.мк.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here