Да дадете прва помош некому онака како што сте научиле од телевизиските серии како што е Dr. House можеби и не е најпаметно. Ново истражување покажа дека, во поголем дел од случаите, во американските ТВ серии пружањето прва помош не се прикажува правилно.
Да дадете прва помош некому онака како што сте научиле од телевизиските серии како што е Dr. House можеби и не е најпаметно. Ново истражување покажа дека, во поголем дел од случаите, во американските ТВ серии пружањето прва помош не се прикажува правилно.
За потребите на студијата, истражувачите ги проучуваа сите епизоди од трите во моментов најгледани серии со медицинска тематика во САД: Вовед во анатомија, Dr. House, Private Practice и последните епизоди од серијата ER. Во вкупно 327 епизоди се случиле вкупно 59 епилептични напади, од кои 51 напад се случил во болницата и во нејзината околина. Речиси секогаш прва помош пружале „докторите“ и „медицинските сестри“.
Резултатите покажале дека несоодветните активности при тоа, како совладување на личноста, обидите за спречување на неконтролираните движења или ставањето некој предмет во уста на оној кој има напад, се случиле во 25% од случаите. Правилен начин на пружање прва помош бил видлив само во 17 случаи од нападите или 29% од вкупното време, додека правилноста на изведувањето на прва помош не било возможно да се утврди во 15 случаи, т.е. во 25% од времето.
„Телевизиските серии се потенцијален моќен медиум за едуцирање на јавноста за методите на прва помош,“ изјави Andrew Moeller, авторот на студијата од канадскиот Универзитет Dalhousie. „Нашите резултати покажуваат дека речиси половина од времето во телевизиските серии неточно се прикажува пружањето прва помош при епилептични напади. Сметаме дека луѓето со епилепсија би можеле и би требало да ја контактираат телевизиската индустрија и да бараат поправилни консултации на авторите на сериите со стручњаците за да се промени оваа состојба.“ [Drama or reality TV: Do medical shows depict proper first aid for seizures?]