Јоко Оно: Џон Ленон сакаше секс со мажи

 

Сопругата на Џон Ленон, Јоко Оно отворено прозборе за неговата сексуалност тврдејќи дека тој сакал да биде со мажи, но никогаш не се осмелил.
Таа за „Дејли Бист“ вели дека заедно со некогашниот член на Битлси разговарале долго на темата и верувале дека сите ние можеме да бидеме бискесуалци.

lenon

„Џон и јас често разговаравме за тоа и дојдовме до заклучок дека секој од нас може да биде бисексуалец, како и дека друштвото ни наметнува забрана против нешто што е сосема природно“, истакна Јоко Оно, додавајќи дека мисли дека Ленон имал желба за секс со мажи, но не успеал да пронајде таков со кој би имал сексуален однос.

„ Тој ми рече дека не би му пречело ако мажот не е многу згоден но дека мора да биде ментално привлечен, а дека многу е ташко да се пронајдат такви луѓе“, вели Јоко Оно.

Таа се осврна и на озборувањата дека Ленон бил во врска со менаџерот на Битлси, Брајан.

„ Оф тоа беше речиси љубовна афера, но мислам дека немаа секс, мислам дека тоа никогаш не сакаа да го направат… Меѓу нив беше баш интензивно“, додава Оно.

- Реклама -