Јирген Клоп има нова работа


Германскиот фудбалски тренер Јирген Клоп ја доби својата прва работа по заминувањето од Ливерпул, имено беше назначен за координатор на фудбалските клубови на Ред Бул, сопственик на неколку клубови меѓу кои и РБ Лајпциг, соопштија од компанијата во средата.

Клоп, кој на крајот од минатата сезона ја заврши својата успешна деветгодишна кариера во Ливерпул, ќе почне да работи во Ред Бул на 1 јануари 2025 година.

„По речиси 25 години далеку од играта, не можев да бидам повозбуден што ќе бидам вклучен во ваков проект. Можеби улогата се смени, но мојата страст за фудбалот и луѓето кои ја прават играта она што е, не се промени“, изјави Клоп.

Поранешниот тренер на Мајнц и Борусија Дортмунд, кој летото по девет сезони ја заврши соработката со англискиот гигант Ливерпул, сега стратешки ќе ги поврзува сите клубови со кои соработува Ред Бул – Лајпциг, Салцбург, Лидс Јунајтед, Њујорк Ред Булс, Брагантино. (Бразил) и Омија Арди (Јапонија).

- Реклама -