Јелен: САД воведоа санкции против ентитети поврзани со Хамас

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска воведе санкции што имаат за цел да го прекратат финансирањето на Хамас, а се насочени, меѓу другото, кон „тајното инвестициско портфолио на Хамас“, финансиски посредник поврзан со Иран и виртуелната менувачница во Газа.

Според извршната наредба за борба против тероризмот, санкциите се воведени и се однесуваат на девет поединци и еден ентитет во Газа и земјите што ги вклучуваат Судан, Турција, Алжир и Катар, соопшти американското Министерство за финансии.

„САД преземаат брза и решителна акција за да ги погодат финансиерите и посредниците на Хамас по неговиот брутален и безобѕирен масакр врз израелските цивили, вклучувајќи и мноштво деца“, изјави секретарката за финансии, Џенет Јелен.

Прочитајте и:  Бајден одобри противпешадиски мини за Украина со цел да се запре рускиот пробив

„Ќе продолжиме да ги преземаме сите неопходни чекори за да ја скратиме можноста на терористите на Хамас да собираат средства и да ги користат за извршување злосторства и тероризирање на народот на Израел“, додаде Јелен.

Санкциите на Министерството за финансии доаѓаат во време кога претседателот Џо Бајден е во посета на Израел и се сретна со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

МИА

- Реклама -