Јаревски: Дали функционери на СДС и ДУИ го носеле Блерим Рамадани на Попова Шапка и дали ДУИ влијаеле да биде пуштен заради бизнис интереси?

Која била целта на посетата на Блерим Рамадани на Македонија?

Дали Блерим Рамадани бил носен на Попова Шапка од функционери на СДС и ДУИ и дали тој всушност се интересирал за градби на омиленото место за дивоградби на функционерите на ДУИ?

Затоа ли Рамадани бил пуштен во куќен притвор наместо да биде во затворски? Затоа што ДУИ и СДС имаат бизнис интерес од него?

Дали ДУИ влијаеле врз Пајазит Пајазити кој е нивна продолжена рака во судството да изрече куќен притвор за Блерим Рамадани, за да може да избега, затоа што имаат бизнис интерес од него?

Очекуваме институциите да отворат постапки и испоставите на СДС и ДУИ во судството како Пајазити да бидат разрешени.

Прочитајте и:  ВРЕДИ: Патериците на Али Ахмети испуштаат очајнички крици за да ги прикријат своите неуспеси

Одговорност мора да има. Зад секоја јавна гласност на ДУИ се крие по некој бизнис интерес.

Додека народот се иселува, тие се богатат.

Тони Јаревски, пратеник
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -