За почеток, ова е пост за мотори. Но набрзо ќе сфатите зошто таков наслов.
Ако сте по моторите, можеби сте слушнале за Bōsōzoku – јапинска одметничка моторџиска банда карактеристична по претераниот тјунинг на моторите, ама и по низа илегални навики и активности, како трки низ градските улици и лудување меѓу сообраќај, игнорирање на црвени светла на семафори, или најиритантното – модифицирање на ауспусите за да бидат уште погласни.
Арно ама, откако јапонската полиција почна да покажува мускули во 2000-тите, моторџиите од бандата мораа да си најдат друга, легална занимација. Па почнаа да организираат „Bōsōzoku sound battles“, во кои учесниците имаат меѓусебни дуели во кои се натпреваруваат кој ќе извади подобар ритам со турирање на моторот преку наизменично користење на гасот (десната рачка, ви текнува?) и кумплунгот.
Самата брзина со која го прават тоа е мошне импресивна, но излезе и дека звукот многу добро оди во пакет со дабстеп. Дали публиката доаѓа на овие настани за да собира семплови, или затоа што стварно им е толку забавно, не знаеме. Ама факт е, публика доаѓа, а и се мошне популарни по социјалните мрежи. Вака отприлика изгледа еден „бетл“ (во урбан превод: музичка борба):
https://youtu.be/UYEFTfmhVMI?t=2
Инаку, дабстеп битовите веројатно му се отпосле залепени на видеово, зашто е заебанција. Во реалноста ги слушате само моторите, што е многу подосадно. Како и да е, ние само сакавме да знаете дека во Јапонија има 30-40 годишни мажи на кои ова им е главна занимација.