Јапонија создаде пронајдок кој ќе ги воодушеви непушачите, а на пушачите ќе им овозможи да уживаат во димот на јавно место.
Јапонија е без сомнеж многу специфична земја, една од најнапредните на светот, која постојано изненадува со своите идеи.
Во земјата на изгрејсонцето е забрането пушењето во речиси сите објекти, како и на некои отворени простори. Продажбата на цигари е забранета за помлади од 18 години, а од 2008 во автоматите за продажба на цигари морате да внесете специјална картичка која ги идентификува купувачот и неговата година на раѓање.
Угостителите се секогаш со желба да привлечат што поголем број на гости, па ова би требало да им го наполни буџетот.
Имено, во кафулињата се поставени стаклени ѕвона на чии што врвови се наоѓа цевка која работи по принципот на аспиратор и димот од цигарите го влече од просторијата.
И додека за некои ова е генијален изум, други сметаат дека сепак не е вистинскиот начин за отстранување на штетниот дим.